Три италијански компании пред одлука за инвестирање во Македонија

12.11.2014 13:01

Утре во земјава пристигнуваат 15 италијански компании, кои ќе учествуваат на бизнис форум...

Нови италијански инвестиции во Македонија. Три компании се пред конечна одлука за вложување во секторите прехрана, информатичка технологија и индустрија.

„Што се однесува на овие фирми, поради доверливост на информациите не смеам да ги кажам имињата, но можам да ви кажам дека едната од нив е од земјоделскиот сектор, другата е од индуистрискиот сектор, а третата од ИТ секторот“, изјави италијанскиот амбасадор во Македонија, Ернесто Масимино Белели.

Утре во земјава пристигнуваат 15 италијански компании, кои ќе учествуваат на бизнис форум, посветен на соработката во прехранбената индустрија и туризмот.