Осомничениот за тројното убиство во Кавадарци пред јавен обвинител во Велес
Осомничениот Тони Станоев, пред три дена усмрти три лица од семејството на својата поранешна сопруга, а вчера беше приведен од полицијата во Кавадарци...

Осомничениот за тројното убиство во Кавадарци е изведен пред јавниот обвинител во Велес. Неофицијално, нему ќе му биде одреден 30-дневен притвор. Иако низ медиумите се појавија различни информации, се уште не е утврден точниот мотив за грозоморниот чин.
Осомничениот Тони Станоев, пред три дена усмрти три лица од семејството на својата поранешна сопруга, а вчера беше приведен од полицијата во Кавадарци.
Невладините ХЕРА и Националната мрежа против семејното насилство врз жените, побараа од надлежните од Министерството за труд и социјална работа спроведување детална истрага за тројното убиство, со преземање конкретна одговорност.
Министерството за труд и социјална политика, пак, уште еднаш ќе изврши увид во целата постапка и доколку е работено спротивно на законите и не се почитувани роковите ќе се бара одговорност од надлежните институции.
Ресорниот министер Диме Спасов посочи дека сопругата на осомничениот за тројното убиството иако го пријавила за семејно насилство не ја дала потребната согласност за времена мерка.