Свиндал најбрз за крај на 2013
Завршниот машки скијачки натпревар во календарската година, пак, му припадна на норвешкиот ас Аксел-Лунд Свиндал. Тој го оствари првиот спуст-триумф досега воопшто во италијански Бормио, а втор сезонава во најбрзата дисциплина по оној пред три недели во Бивер Крик.

Во многу тешки временски услови на славната патека „Стелвио“, на којашто последен норвешки шампион беше Ласе Кјус во 1995, Свиндал денеска беше за 39 стотинки подобар од Австриецот Ханес Рајхелт, односно за 51 стотинка подобар од Канаѓанецот Ерик Геј. Со тоа, 8.пат во кариерата се радуваше во спуст, а вкупно 25-ти пат се искачи на највисокото место на пиедесталот во една трка од Светскиот Куп.
По четири од предвидените девет спуста сезонава, во поредокот во оваа дисциплина Свиндал води со 300 бода, пред Геј, којшто има 207 и Рајхелт со 180. Норвежанецот ја зацврсти и водечката позиција во генералниот пласман, каде што е прв со 630 бода.. Австриецот Марсел Хиршер има 435, а Американецот Тед Лигети 329..
Дел од најдобрите алпинци остануваат во Бормио и на почетокот на новата 2014, бидејќи во познатиот зимски центар на 5-ти и на 6-ти јануари ќе се одржат слаломските трки во двете конкуренции, коишто претходно беа откажани на загрепско Сљеме..