Шешељ пречекан од толпа приврзаници во Србија
Шешељ го дочекаа членови на семејството, раководството на партијата и многубројни приврзаници...

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, пристигна на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. По 12 години минати во затворот Шевенинген, Шешељ е привремено пуштен од Хашкиот трибунал поради влошената здравствена состојба.
Шешељ го дочекаа членови на семејството, раководството на партијата и многубројни приврзаници. Приврзаниците на Шешељ пред зградата на аеродромот го дочекаа со трубачи и скандирање „Војо, Србину“, и „Војо, војводо“, и со навивачки факели.
Иако беше најавено дека тој ќе се обрати на новинарите, тоа не се случи. Шешељ веднаш влезе во автомобилот и го напушти аеродромот. Планирано е тој да се упати кон седиштето на партијата во Земун.
