„Американ Колеџ“ воведува нова МБА програма
12.11.2014 14:24
Програмата е акредитирана од три различни тела за акредитација АЦБСП, АМБА и ИАЦБЕ и рангирана меѓу најпрестижните во Европа и во светот...

Ректорот на Универзитетот Американ колеџ Марјан Бојаџиев и деканот на Факултетот за менаџмент Мастрихт, Вим Науде, денеска потпишаа договор за новата МБА програма.
Со договорот ќе се овозможи почнување на магистерска програма за деловна администрација, пренос и споделување знаења и добри практики меѓу двата универзитетa.
На потпишувањето присуствуваше и министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми. Според него, со потпишувањето на договорот за соработка Македонија станува партнер во глобалната мрежа, чија мисија е да се промовира оддржлив и етички бизнис, бизнис образование и бизнис иновацијата во брзорастечките и економиите во развој.
Програмата е акредитирана од три различни тела за акредитација АЦБСП, АМБА и ИАЦБЕ и рангирана меѓу најпрестижните во Европа и во светот.
Македонските студенти, кои ќе се запишат на МБА програмата во Скопје, како што нагласи Адеми, имаат можност да аплицираат за стипендии, кои ги нуди Владата преку Министерството за образование и наука за студирање на првите 100 универзитети според Шангајската листа.
