Со рекордната 35.победа, Шилд ја надмина Шнајдер
Австриската алпинка Марлиз Шилд од денеска е најуспешната слаломска скијачка на сите времиња. Втората последовна победа во најтехничката дисциплина, а вкупно 35-та досега во кариерата во Светскиот Куп таа ја забележа на домашен снег, во Лиенц, на последното алпско натпреварување во 2013. Со тоа 32-годишната Шилд ја симна од врвот на вечната листа славната Швајцарка Френи Шнајдер, којашто пред децении застана на 34 слаломски успеси.

Иако денеска беше дури шеста по првата трка, Шилд имаше блескаво второ возење, со коешто успеа да го надомести големото заостанување зад водечката Американка Микаела Шифрин. Младата Шифрин на крајот заврши втора со време послабо за 41 стотинка од она на славеничката, додека трета беше германската универзалка Марија Хефл-Риш со вкупна негатива од 63 стотинки. Уште едно разочарувачко издание имаше ланската победничка во светскиот куп, Словенката Тина Назе со пласманот на 15-то место.
По три слаломски трки во сезоната, се уште води Шифрин со 202 освоени бода, пред Шилд со 200 и Швеѓанката Фрида Хансдотир со 152. Во генералниот пласман челната позиција ја презеде Хефл-Риш со 611 бода, пред Тина Вајратер од Лихтенштајн со 609 и Австријката Ана Фенингер со 597 бода. Четврта е Швајцарката Лара Гут со 568.