Познатиот Педро Проенса на центарот

12.11.2014 14:54

Од 2003-та година 44-годишниот Педро Проенса е со судискиот амблем на ФИФА .Релативно брзо тој го освојува просторот до врвните меѓународни мечеви. Во Лигата на шампионите своето деби го имаше во 2007-ма во Ајндховен на дуелот меѓу ПСВ и ЦСКА Москва...

В сабота Македонија и Словачка ќе играат според „нотите“ на   Педро Проенса.Тоа е најпознатото судиско име на Португалија, еден од арбитрите, кој во последните неколку години е на листата на најприоритетните фудбалски судии на УЕФА. Од 2003-та година 44-годишниот Педро Проенса е со судискиот амблем на ФИФА .Релативно брзо тој  го освојува просторот до врвните меѓународни мечеви. Во Лигата на шампионите своето деби го имаше во 2007-ма во Ајндховен на дуелот меѓу ПСВ и ЦСКА Москва. Само пет години подоцна ја доби честа да го суди големото финале од Лигата на шампионите меѓу Челзи и Баерн од Минхен.

Во истата 2012 година беше меѓу 12-мина арбитри на Европското првенство во Полска и Украина. Судискиот пат го одведе и на годинешниот Мундијал во Бразил. Одсуди 3 натпревари, од кои најголема тежина имаше дуелот Холандија-Мексико.Последното негово излегување на „големата фудбалска сцена“ му беше во Варшава во натпреварот од квалификациите за ЕП 2016 меѓу Полска и Германија.Во кариерата Проенса втор пат ќе биде судија на еден натпревар на македонската репрезентација.Под  неговата арбитража во 2012 година се одигра  пријателскиот натпревар  меѓу Ангола и Македонија, кој заврши нерешено 0:0.На репрезентацијата на Словачка прв пат ќе и суди в сабота во Скопје.