Стапи во сила Законот за сурогат мајчинство

12.11.2014 15:55

Сурогат мајка може да се биде само еднаш...

Стапи во сила Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување- сурогат мајчинство. Од крајот на октомври можат да се користат сите механизми.

Сурогат мајка може да се биде само еднаш.

„Првиот чекор што треба да го направат заинтересираните е да се обратат во Министерството за здравство, да достават документација со која потврдуваат дека ги исполнуваат условите. До Министерството може да се обратат жени на возраст од најмалку 25 години живот и повозрасни, односно на возраст за која е оценето дека е во добра психофизичка и општа здравствена состојба која и овозможува на жената здрава бременост и раѓање на здраво дете. Покрај тоа, жените треба да бидат мајки на најмалку едно дете и да бидат македонски државјани“, посочи Татјана Васиќ-Бозаџиева, државен советник во Министерството за здравство.

Ова биомедицинско подпомогнато оплодување можат да го користат брачните двојки кои имаат проблем со стерилитет, но и во случај на три неуспешни обиди.