Кајмакоски и Златните славејчиња во „Секој го снима својот филм“
12.11.2014 16:02
„Секој го снима својот филм“ е насловот на песната, за која се направи и видео запис, кој претставува една неодолива приказна во која учествуваат децата славејчиња и фантастичниот Даниел...
По повод 44-то издание на манифестацијата „Златно славејче“, кое ќе се одржува од 14-ти до 19-ти ноември во Универзална сала, Даниел Кајмакоски заедно со славејчињата ја снимија официјалната детска химна.
„Секој го снима својот филм“ е насловот на песната, за која се направи и видео запис, кој претставува една неодолива приказна во која учествуваат децата славејчиња и фантастичниот Даниел.