Со здрава храна против настинки и грип

12.11.2014 16:07

Зголемете го внесувањето чаеви, но и други топли напитоци како овошни компоти, кои ќе ве стоплат и ќе ви дадат сила. Консумирајте чај од брусница, чај од шипка кои содржат висок процент на витамин Ц, кој директно влијае на зајакнување на имунитетот и намалување на симптомите од настинката...

Зимното  променливо време е период  кога организмот е изложен на вирусни заболувања. Најдобриот начин да ги избегнете грипот и настинката е да го зајакнете својот имунитет преку здрава исхрана, вежбање и намалување на стресот. Не посегнувајте веднаш по антибиотици. Наместо тоа насочете се кон здравите продукти на исхрана, кои ќе ви помогнат да ги олесните и да ги елиминирате симптомите.

Зголемете го внесувањето чаеви, но и други топли напитоци како овошни компоти, кои ќе ве стоплат и ќе ви дадат сила. Консумирајте чај од брусница, чај од шипка кои содржат висок процент на витамин Ц, кој директно влијае на зајакнување на имунитетот и намалување на симптомите од настинката.

Ѓумбирот има исклучително влијание врз потикнување на циркулацијата и прочистување на дишните патишта. Може да го консумирате како додаток во исхраната или пак подгответе чај од ѓумбир,кој го има  и во прав.  Ѓумбирот го загрева организмот, ја зголемува менталната будност и помага при настинки, бронхит или синусит. Еве и еден рецепт од ѓумбир:

РЕЦЕПТ

Половина лажичка ѓумбир во прав се попарува со 150 мл врела вода, се процедува и се конзумира голтка по голтка.

Во секојдневната исхрана внесете и сезонско овошје, кое кај нас го има во изобилство ,а не е и премногу скапо. Овој период треба да се внесува и коренест зеленчук како морковот, пашканатот, дајконот, магдоносот и др.

Покрај здравата исхрана треба и редовно да се вежба.