Разводот - мотив за трикратното убиство во Кавадарци

12.11.2014 16:38

Велешката полиција официјално за правпат со детали за трагичниот настан...

Разводот со сопругата – мотивот за трикратното убиство во Кавадарци. Осомничениот Тони Станоев од денеска е во 30 дневен притвор.

„Одреден  е притвор поради  постоење на основано сомнение дека доколку истиот се брани од слобода ќе се даде во бегство и нема да биде достапен за органите на прогонот и поради постоење на опасност да го стори делото со кое се заканувал“, рече Габриела Гајдова, портпарол на Основен суд Велес.

Велешката полиција официјално за правпат со детали за трагичниот настан.

„По кратка расправија со сега починатата Билјана Л. и Снежана Л. со огнено оружје пиштол кој го носел со себе испукал по еден куршум во пределот на градите. Потоа се качил на спратот од куќата каде бил Илија Л. во кој испукал еден куршум во пределот на градите и го напуштил местото“, рече портпаролот на СВР Велес.

Починатите Илија, Билјана и Снежана ќе бидат погребани утре на градските гробишта. Општина Кавадарци утрешниот ден го прогласи за ден на жалост.

Дијана Иванова