Шешељ од денес на условна слобода во Белград

12.11.2014 16:47

Големосрпскиот идеолод, радикалот Воислав Шешељ од хуманитарни причини на условна слобода во Белград. Дочекан на аеродромот од радикалите со четнички песни...

Хашкиот притвореник Воислав Шешељ од денес е на условна слобода во Белград. Лидерот на радикалите кој боледува од рак, по 12 години притвор и гаранциите на српската влада, од хуманитарни причини пуштен е во Белград, под услов да се појави на изрекувањето на пресудата.

Шешељ по доаѓањето во Србија порача дека нема да се лечи, туку сите сили ќе ги насочи кон одмазда и симнување на издајничката власт. Реакциите во Србија се различни. Од тие на министерот Вулин дека ова е притисок за политиката- и Русија и ЕУ-, до изјава на вицепремиерот Дачиќ-дека Шешељ е политичко минато. Радикалите се денес маргинална партија-констатира хашкиот адвокат Тома Фила.

„Неговото влијание во политиката неможе да биде многу важно.Радикалите беа и поминаа. После Бриселелската спогодба, негледам како би можел тој да направи нешто на национална основа-што не успеа коштуница со ДСС“, рече Тома Фила, адвокат.

Хашките обвинители го товарат идеологот на големосрпскиот национализам за организација и водство на бројни злосторства во Хрватска, Босна и во Војводина.

За време на воениот конфликт во ех-Југославија, Шешељ беше познат по военствените активности и против Македонија. Тој е еден од главните организатори и учесник во кршењето на спомен плочата на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински, како и на бројни изјави насочени во негирањето на македонскиот идентитет, македонската држава и кон МПЦ.

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ