Се зголемува бројот на италијански инвестиции во Македонија

12.11.2014 16:54

Три компании прават завршни анализи и се пред финална одлука да инвестираат во отворање бизнис во Македонија. Амбасадорот Ернесто Белели, од оправдани причини, не ги открива нивните имиња...

Ќе се зголеми бројот на италијански инвеститори во земјава. На Технохозе и Виатек друштво ќе им прават уште три компании. Ги прават завршните анализи и се пред финална одлука да инвестираат во отворање бизнис во Македонија. Амбасадорот Ернесто Белели, од оправдани причини, не ги открива нивните имиња, но уверува дека влегуваат во три различни сектори и за првпат во прехранбената индустрија.

„Што се однесува до трите фирми, не можам поради доверливост на податоците да ги кажам нивните имиња. Но, ќе кажам дека една од нив е од земјоделскиот сектор, втората е од секторот индустрија, а третата е од информатичката технологија“, изјави италијанскиот абжмбасадор, Ернесто Масимо Белели.

Италијанските инвеститори најмногу се интересираат за вложувања во малите хидроцентрали, обновливите извори на енергија, инфраструктурата, земјоделството и заштитата на животната средина. Двете стопански комори работат на проект во кој се вклучени институтите за тутун од Прилеп и од Неапол.

„Да се разгледа можноста за производство на био- дизел гориво од “, потврдува Наташа Димеска-Стојаноска, од Стопанска комора на Македонија.

Италија е петти надворешно- трговски партнер на земјава, а размената за девет месеци надминала 584 милиони долари. Извозот е скоро 250 милиони и бележи зголемување за 22 процента. Расте и увозот, но со побавно темпо.

Македонските производи се добро познати во Италија, вели Белели. Особено јагнешкото месо и лешниците, печурките. Амбасадорот најави отворање италијанска кредитна линија наменета за малитеи за средните фирми и порача дека услов за поголема трговија и инвестиции е завршувањето на Коридорот 8, преку кој би се насочила и размената на Италија со Бугарија и Романија.

Свето Николовски