Македонските студенти ќе учат менаџмент од реномиран факултет од Мастрихт

12.11.2014 16:58

Дипломата која ќе ја добијат студентите е меѓународно акредитирана. Мастрихт Факултетот е рангиран во топ 50 Универзитети, a во делот на општествени науки е на 76 место во светот според Шангајската листа.

Македонски студенти ќе учат од програмите за менаџмент од реномираниот Факултет од Мастрихт. Ова го предвидува договорот за соработка со Американ Колеџ од Скопје. За постдипломските студии, Владата ќе додели стипендии. Деканот Науде рече дека потребата од вакви кадри е се поголем бидејќи во изминатите години расте економијата на Македонија.  

„Во цел свет се покажува искуството дека добрите вештини за менаџирање водат кон поголем успех, затоа сме многу среќни што ќе можеме да имаме соработка и со приватниот сектор, бзинис секторот“, рече Вим А. Науде, декан на Факултетот во Мастрихт.

„Се оставрува можноста за сите наши студенти кои ќе се запишат на програмата во Скопје да аплицираат за стипендии кои ги нуди Владата на Република Македонија“, рече Абдилаќим Адеми, министер за образование и наука.

Програмата ќе ја предаваат професори од целиот свет. Уписите ќе почнат во Јануари, а во март ќе стартуваат студиите.

„Мал придонес за подобрување на животот, за подобрување на сите млади професионалци, бизнисмени коишто сега ќе имаат можност своите студии да ги завршат во Скопје“, рече Марјан Бојаџиев, декан на Американ Колеџ Скопје.

Дипломата која ќе ја добијат студентите е меѓународно акредитирана. Мастрихт Факултетот е рангиран во топ 50 Универзитети, a во делот на општествени науки е на 76 место во светот според Шангајската листа.

Викторија Тодоровска