Владата ги укина царинските давачки за индустриската пиперка

12.11.2014 17:11

Владата го прифати барањето на преработувачите. До 31 декември тие ќе може да увезат 2.000 тони пипер до кога важи привремениот увоз. Со двојно пониски увозни давачки производителите до 30 јуни наредната година ќе може да увезат 500 тони доматно пире...

Се укинува увозната давачка за индустриската пиперка, а се намалува за половина за доматното пире. Владата го прифати барањето на преработувачите. До 31 декември тие ќе може да увезат 2,000 тони пипер до кога важи привремениот увоз. Со двојно пониски увозни давачки производителите до 30 јуни наредната година ќе може да увезат 500 тони доматно пире. Распределбата на квотите ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен.

„Оваа одлука е донесена врз база на анализи и врз база на консултации со бизнис заедницата, но и со домашните производители на овие производи за коишто се предвидува укинување или намалување на увозните давачки. Се со цел да се направи двострана корист, од една страна да се задоволат интересите и потребите на индустриските прозиводители на земјоделски прозиводи, а од друга страна да не се дозволи наштетување на производството“, рече Александар Ѓоргиев, портпарол на Владата.

Еден производители ќе може да увезе најмногу 500 тони пиперки или 125 тони доматно пире, за што претходно увозот ќе треба да го пријават во царинските испостави. Огромен дел од домашната залиха е веќе на пазарот остануваат мали количини кои со увозот нема да бидат загрозени вели Ѓоргиев. Оваа одлука е донесена како резултат на консултацијата со земјоделските индустриски производители кои годинава се соочија со помал род поради врееменските услови и обилните дождови.

Дијана Ценевска