Кисела Вода

Дваесет катница и трговски центар на местото на старата сапунара

12.11.2014 17:17

За парцелата во општината Кисела Вода сите заинтересирани можат да се пријават до 15-ти наредниот месец. Почетната цена за електронското надавање е 4.300 денари...

Дваесет катница и трговски центар ќе бидат изградени на местото на старата сапунарница. Од денеска земјиштето е ставено на продажба. На 19-ти декември ќе има јавно надавање.

За парцелата во општината Кисела Вода сите заинтересирани можат да се пријават до 15-ти наредниот месец. Почетната цена за електронското надавање е 4.300 денари.

„Во огласот има и посебни услови што ги диктира општина Кисела Вода, а една од нив е најповолниот понудувач старите објекти кои се останати на терен од некогашната сапунарница“, рече Билјана Беличанец Алексиќ, градоначалник на општина Кисела Вода.

Полуразурнатиот објект на влезот во општината веќе подолго време им боде очи на граѓаните. Некогашната фабрика со години е наркоманско дувло, преноќиште за бездомници.

„Нов објект на влез во Кисела Вода ќе биде многу убаво“.

„Нешто ново ќе се изгради, ќе се рашчисти депонијата, ќе биде убаво“.

„Во секој случај е добро и би требало што поскоро да се изгради“, велат анкетираните граѓани.

Новиот објект ќе се гради на површина од околу 2500 квадратни метри.

Наташа Јанчиќ