Домашни и странски компании ги одмерија силите во фудбал

12.11.2014 17:41

Еднаквиот пристап кон домашните и кон странските бизнисмени e клуч за успех. Велат - потребна е правилна одлука...

5 спрема 5 - домашните не им се даваат на странските компани, ги одмерија силите во фудбал. Коментирањето- непристрасно и чесно.

„Не навивам за никого, јас сум коректен“,  вели коментаторот на натпреварот.

Македонската економија ги победува предизвиците. Гол се постигнува единствено со фер игра.

„Го развиваме бизнисот во Македонија, мислам дека на Македонија и оди добро, скеогаш има нешто да се направи. Македонските фирми се доби и одлично е што државата го зголемува БДП и економијста во земјата“, рече Хуан Педро Наваро, претседател на „Арчелор Митал“.

„Најдобро е што играта беше фер, никој не се повреди. Резултатот е пет-пет, значи нема подобар“,  Кочо Анѓушев од „ЕФТ Македонија“.

Еднаквиот пристап кон домашните и кон странските бизнисмени e клуч за успех. Велат - потребна е правилна одлука.

„Тука се покажа дека некои судиски одлуки беа сомнителни и имавме еден одличен коментатор на натпреварот, и сите се задовллни од дружбаат“, рече Илчо Ѓорѓиевски, претседател на ФФМ.

„Моите одлуки на терен беа сосем исправни и верувам дека понатату и во економијата како што беше резултатот, нершеен,  ќе биде истиот пристап кон домашните и странските инвеститори“, вели Емил Божиновски, судија.

Повеќе голови и повеќе профит беа желбите на играчите.

Лука Андреев