Прв пат во историјата сонда се спушта на комета

12.11.2014 18:35

Исходот е крајно неизвесен поради минималната гравитација – ако не се закачи успешно со харпуни и завртки, може да се одбие и да одлета во вселената...

Мал чекор за една вселенска сонда, голем за човештвото. Во секој момент се очекува потврда дали лендерот „Фили“ ќе ја допре површината на кометата 67П. Исходот е крајно неизвесен поради минималната гравитација – ако не се закачи успешно со харпуни и завртки, може да се одбие и да одлета во вселената.

„Се е програмирано, не знаеме што ќе најде модулот на површината. Ни треба малку среќа за овој маневар“, рече д-р Паоло Фери од Европската вселенска агенција.

Фили рано изутрината се одвои од матичниот брод Розета и го почна спуштањето на мисија што треба да фрли светлина на тајните на замрзнатото небесно тело од почетоците на соларниот систем.