Азербејџанската војска собори ерменски воен хеликоптер

12.11.2014 18:38

Хеликоптерот бил соборен над Нагорно Карабах, сепаратистичка територија контролирана од Ерменци, врз која право полага Азербејџан...

Азербејџанската војска соборила ерменски воен хеликоптер Ми-24 за кој тврди дека летал во нејзин воздушен простор. Загинале сите тројца пилоти.

Хеликоптерот бил соборен над Нагорно Карабах, сепаратистичка територија контролирана од Ерменци, врз која право полага Азербејџан. Тамошните власти потврдија дека учествувал во тренинг лет во рамките на воена вежба.