Жена бомбаш самоубиец се разнесе на колеџ во Нигерија
12.11.2014 18:45
Не е познат бројот на загинати, но очевидци известуваат за четири парчосани тела...

Жена бомбаш самоубиец се разнесе во колеџ во нигерискиот град Котагора. Бомбата експлодирала само неколку секунди пред жената да влезе во хала полна со ученици. Не е познат бројот на загинати, но очевидци известуваат за четири парчосани тела.
Пред само три дена бомбаш самоубиец уби 48 ученици во колеџ на северот на земјата. Исламистите од Боко Харам кои се противат на западното образование, прогласија калифат во областите што ги контролираат.
