Русија го засилува присуството во меѓународниот воздушен простор

12.11.2014 18:49

Руски бомбардери за долги летови ќе патролираат од Арктикот до Карибите и Мексиканскиот Залив. На Крим ќе се формира обдранбена група поради заканата од НАТО...

Москва покажува мускули во меѓународен воздушен простор. Руски бомбардери за долги летови ќе патролираат од Арктикот до Карибите и Мексиканскиот Залив. На Крим ќе се формира обдранбена група поради заканата од НАТО, соопшти министерот за одбрана.

„Анализата на можниот развој на настаните бара одржување на јужните воени трупи во состојба на подготвеност за одбрана на земјата и нејзините сојузници во насока на југо-западната стратегија“, рече Сергеј Шојгу, министер за одбрана на Русија.

НАТО потврди – конвои руски војници и опрема влегле во Украина оваа недела. Русија одрекува дека праќа војска во Донбас, но проруските бунтовници потврдија дека им помагаат руски доброволци.