Нимиц: Нема напредок во преговорите за името

12.11.2014 19:28

Нимиц информираше дека на заедничката средба претставниците на двете страни можеле да ги слушнат размислувањата на другата страна, но и неговите, за кои ќе ги известат владите во своите земји...

Нема нов предлог, ниту напредок во разговорите, ова го соопшти медијаторот во спорот за името Метју Нимиц попладнево по средбата во Њујорк со македонскиот и грчкиот претставник во процесот. Нимиц по неколкучасовните, одделни, средби со Наумовски и Василакис синоќа, и речиси двочасовната средба денеска, изјави дека не е постигнат напредок кон решение за името, туку на средбите биле разгледани старите предлози.

„Зборувавме за состојбата на преговорите, за основните прашања, проблемот за името, различните пристапи за неговото решавање. Двете страни нагласија дека псотои искрена желба за решавање на проблемот, развивање на добри односи, мир и безбедност во регионот. ЗНаеме дека проблемот е многу тежок, денска немаше напредок, но ршеени сме да ги продолжиме преговорите во наредните месеци“, рече посредникот Нимиц.

Нимиц притоа информираше дека на заедничката средба претставниците на двете страни можеле да ги слушнат размислувањата на другата страна, но и неговите, за кои ќе ги известат владите во своите земји.