Ристовски: Владата прави многу во привлекувањето на странските инвеститори

12.11.2014 19:54

Македонската влада со своите политики прави многу во привлекувањето на странските инвеститори, но и го олеснува и бизнисот на домашните компании...

Ефикасно законодавство, поедноставени процедури за основање на компанија, ефикасен катастар, добра инфраструктура и високо образован кадар води кон успешна економија вели директорот на Европската бизнис асоцијација Димитар Ристовски.

Компаниите да вложат во едукација на менаџери, вели Ристовски и самите да обезбедат извоз за своите производи. Македонската Влада со своите политики прави многу во привлекувањето на странските инвеститори, но и го олеснува и бизнисот на домашните компании кои треба тоа да го искористат за зголемување на производството и пласман на странските пазари.