терористички напад во Русија

Се саморазнесе жена самоубиец во Русија

29.12.2013 18:05

Страотен терористички напад во Русија. Жена самоубиец активира експлозив на железничката станица во Волгоград. Десетици загинати и ранети е црниот биланс од експлозијата што одекнала пред влезните врати и првиот кат на зградата. Во атентатот загинал и соработник на полицијата, а тројца полициски службеници се ранети. Од нив еден е во потешка состојба. Меѓу повредените има и двегодишно дете. Рускиот претседател Путин побара од надлежните институции да се преземат максимални мерки за безбедност на железничките станици и аеродромите.

Страотен терористички напад во Русија. Жена самоубиец активира експлозив на железничката станица во Волгоград. Десетици загинати и ранети е црниот биланс од експлозијата што одекнала пред влезните врати и првиот кат на зградата. Во атентатот загинал и соработник на полицијата, а тројца полициски службеници се ранети. Од нив еден е во потешка состојба. Меѓу повредените има и двегодишно дете. Рускиот претседател Путин побара од надлежните институции да се преземат максимални мерки за безбедност на железничките станици и аеродромите. Тим од најдобрите истражители и криминолози го истражуваат денешниот напад.

-Слушнав силна експлозија, по што следуваше помал пожар насекаде имаше расфрлани  парчиња стакло кажа еден очевидец по телефон.

-Видов како се крева црн чад, веднаш почнаа да пристинуваат од брза помош, тоа беше една хаотична состојба-додаде друг.

Засега никој не ја презеде одговорноста, но чеченскиот лидер Дуко Умаров претходно повика на организирани напади за време на зимските Олимписки Игри во Сочи. Волгоград се наоѓа на околу 700 километри од Сочи и е дел од нестабилниот севернокавкаски регион. 

Маја Стојанова