Лозјата ќе се обновуваат со пари од ИПАРД
Пари од ИПАРД може да се користат за обновување на лозови насади постари од 20 и за овошните од 15 години. Со овие средства се покриваат и половина од трошоците за осовременување и унапредувње на овие насади...

Лозарите и овоштарите со европски пари можат да постават нов систем за наводнување, воведат обновливи извори на енергија и заштитни мрежи.
Во овоштарството можат да добијат пари за градба и реконструкција на објектите, за пакување и складирање и за простории за вработените.
За инвестицијата веќе треба да имаат сопствено производство на винско и трпезно грозје и овошен насад од најмалку 0,3 до најмногу 50 хектари.
Подршката е од 3.000 до еден и пол милион евра. Можат да се набават и трактори со моќност до 82 киловати.
Методија Трајков
