Овошјето и зеленчукот сѐ почесто го заменуваат сендвичот

13.11.2014 11:09

Колку здраво се храниме?! Ако следиме и купуваме од она што нудат зелените пазари, сигурно дека домашно приготвените јадења се најздрави. Но, за жал младите се поретко имаат време да готват, а и да јадат, па често консумираат брза храна од нога...

Здравата храна од нива најбрзо до потрошувачите стигнува преку зелените пазри. Тие во овој период од годината се со најголема понуда на зеленчук и овошје. Продавачите задоволни, велат спанаќот, зелката и леќата веројатно сѐ почесто се на домашното мени.

„Ова е чисто наш производ, доста е калоричен и оваа сезона најмногу се бара. Морковот, цвеклото, карфиолот сега најмногу се бараат“.

„Повеќе купуваат зеленчук овошје. Се забележува дека кампањата за здрава храна има влијание кај населението“, велат  пазарџиите.

И за младите и за повозрасните конзумирањето на здрава храна е влог во сопственото здравје.

„За мене зборувам јас секогаш користам овошје и зеленчук, за други незнам... Имаме малечки деца, нон стоп јадат овошје и зеленчук“, велат анкетираните велешани.

Промената на навиките кај потрошувачите веќе се чуствувале и во продавниците за здрава храна. Продажбата е зголемена, велат сопствениците.

„Ленено семе, суво овошје, зрнести производи, житарици, знаат велешани што е здраво“, вели сопственик на продавница за здрава храна.

Се повеќе, сезонското овошје го заменува сендвичот, тврдат и нутреционистите. Според нив, сега е време за поголема едукација на населението за правилно конзумирање на здравата храна.

„Ако сакаме да внесеме во нашиот организам намирница ликопен кој има антиоксидативни својства, најдобро е доматот да биде сварерн“, смета проф. д-р Валентина Павлова, декан на Технолошко- технички Факултет, Велес.

Појавата на се поголем број на лица кои имаат прекумерна тежина беше причина за отпочнување на кампања за менување на навиките на живот, или за поголема употреба во секојдневната исхрана на овошјето и зеленчукот.

 

Дијана Иванова