Натпревар во риболов на Пчиња
И годинава кумановското риболовно друштво Пчиња беше успешен организатор, но и добри домаќини на риболовниот куп од регионот...

19 екипи или приближно 60-тина риболовци од Македонија, Србија и Бугарија, ловеа риба на реката Пчиња кај месноста Искрин мост на 16-тиот Меѓународен риболовен куп. Покрај натпреварувањето во мајсторството во рибарењето, важно е и дружењто и размената на искуства, велат риболовците кои дојдоа на купот.
„Секој рибар си има своја тајна при рибарењето. Ние како екипа, стратегија, добра опрема и мамци и тоа се покажа како успешно и ни даде добри резултати“, изјави Зоран Митевски, риболовец од Куманово.
„Ние рибарите не велиме среќно кога ќе тргнеме на лов, се поздравуваме со бистро, но сепак ќе кажам дека како и за другите така и за овој спорт предусна е среќата“, додава Зоран Трајковски, риболовец од Велес.
Стручна комисија се грижеше за прописите на натпреварот. Риболовците ловеа во група по тројца, на крајот рибата се мери и она екипа што има најмногу е победник на купот.
„Овде се лови на таканаречениот блок систем, бидејќи стазата е прилично кратка. Така што на секои час и 15 минути се врши измена на рабарите во групата, а резлтатите се сметаат екипно“, изјави Лазар Лазаровски, судија на натпреварот.
Оваа е традиционален риболовен куп, веќе популарен меѓу риболовците, а го организира куманоското спортско друштво Пчиња.
„По завршувањето на ловот, рибите се враќаат во реката , затоа што пред недела дена овде имавме порибување и би било греота овие риби да се уништат“, вели претседателот на риболовното друштво Пчиња, Бранислав Димовски .
Инаку купот е во чест на празникот на град Куманово и е последен во сезоната на спортските риболовни натпревари.
Габриела Димковиќ
