Шах

Реми во четвртата партија

13.11.2014 10:39

Четвртата партија од битката за светската шаховска круна меѓу Магнус Карлсен и неговиот предизвикувач Вишванатан Ананад заврши со поделба на поенот во 48 –от потег...

„Луњата“ која беснееше на шаховската табла во претходните денови за момент стивна. Четвртата партија од битката за светската шаховска круна меѓу Магнус Карлсен и неговиот предизвикувач Вишванатан Ананад заврши со поделба на поенот во 48 –от потег.

Состојбата од мечот во Сочи е 2:2. Петтата од 12-те предвидени партии ќе се игра утре. Белите фигури ќе ги има Ананад.