Фудбал
ФИФА е „чиста“
13.11.2014 10:51
Според независниот иследник Ханс Јоаким Екерт, нема неправилности при изборот на Мундијалите во 2018 и 2022 година...

Отфрлени се обвинувањата за корупција во ФИФА при доделувањето на организацијата на Светските фудбалски првенства во Русија во 2018 и Катар во 2022 година. Според независниот иследник Ханс Јоаким Екерт, нема неправилности при изборот на Мундијалите во 2018 и 2022 година, ниту докази за обвинувањата дека членови на Извршниот одбор на ФИФА зеле мито во вредност од 3 и пол милиони евра.
Од 2010 година кога на Русија и Катар им беше доделена организацијата на Светските првенства започнаа инсинуациите дека официјални лица на ФИФА добивале големи парични надоместоци за својот глас.
