Каде ќе прославуваат Прилепчани?

29.12.2013 18:39

Будва е новата странска хит дестинација за оние кои новогодишните празници планираат да ги поминат надвор од Македонија. Туристичките агенции од Прилеп велат дека поради ефтиниот аранжман од околу 5.000 денари за 2 дена, огромен е бројот, посебно на млади луѓе, кои ќе заминат на Јадранот.

„Оваа година многу ќе заминат за Будва, особено млади луѓе, поради добриот аранжман таму и добрата забава“, вели Бранко Карески, туристичка агенција.

„За разлика од лани можеби е помала заинтересираноста за европските дестинации, но затоа Будва е комплетно полна“, рече Томче Велкоски, туристичка агенција.

Дел од прилепчани пак празниците ќе ги поминат и во поексклузивните дестинации.

„На големо изненадување за нас, оваа година доста има интерес и за поексклузивните дестинации, тука морам да го потенцирам Дубаи, а исто така и Барселона“, истакна Весна Апостолоска, туристичка агенција.

Иако голем дел, особено од младите луѓе ќе ја поминат Новата година во странство, сепак поголем дел ќе останат дома или во прилепските ресторани.

Оние кои остануваат тука велат дека од финансиски причини Новата година ќе ја поминат во домашна атмосфера.

Скоро никој не е заинтересиран за домашните туристички центри поради високите цени.

„Охрид можам да кажам дека е катастрофално поради високите цени, луѓето за 100 евра се одлучуваат повеќе да прошетаат отколку за тие пари да седат во ресторан или хотел“, додава Бранко Карески, туристичка агенција.

„Во соседните земји за многу малку пари се нуди поголем број на квалитетни услуги на едно место“, потенцираше Весна Апостолоска, туристичка агенција.

Ова е пример дека повеќе треба да се работи на промоција на домашните капацитети.

Дарко Штаргоски