Насилни протести во Мексико, нападната зградата на Конгресот во Гереро
13.11.2014 11:02
Насилните протести завршија со напад врз локалната зграда на владеачката мексиканска партија...

Демонстрантите во Мексико ја нападнаа зградата на Конгресот во сојузната држава Гереро. Запалија пет службени возила и предизвикаа мал пожар во една од службите.
Насилните протести завршија со напад врз локалната зграда на владеачката мексиканска партија.
Овие демонстрации беа на повик на синдикатот на учители од Игуала, каде 43-цата исчезнати студенти за последен пат се видени живи на 26-ти септември.
