Продолжува битката за Кобане, извршени 16 воздушни напади во Сирија
13.11.2014 12:21
Погодени се осум мали позиции на Исламска држава, три борбени позиции и еден објект за логистика...

Курдските бунтовници и исламистичките милитанти ја продолжија битката за Кобане.
Силите предводени од САД извршиле 16 воздушни напади во Сирија, повеќето од нив околу стратегискиот град во близина на турската граница.
Погодени се осум мали позиции на Исламска држава, три борбени позиции и еден објект за логистика.
Во меѓувреме, турските Курди одржаа погребната церемонија за борец кој беше убиен на Кобане.
