„Талкачи“ со награда за најдобар проект, продолжуваат премиерно в недела

13.11.2014 12:55

Проектот „Талкачи“, оваа недела на 16-ти ноември во 19 часот стартува премиерно со првата епизода од 4-тата сезона...

Авторите Катерина Групче и Илија Грујоски, на еден од најгледаните проекти на МРТ „Талкачи“, беа наградени на 6-от роденден на естрадниот магазин Бекстејџ, за најдобар национален проект за запознавање на Македонија во 2014-та.

Проектот „Талкачи“, оваа недела на 16-ти ноември во 19 часот стартува премиерно со првата епизода од 4-тата сезона , која ќе ја најави новата идеја и новиот концепт на емисијата, кои ќе бидат мамка за гледачите.

Во изминативе 3 сезони, низ 70 епизоди на Талкачи, беа откриени места значајни за македонската култура, историја, традиција и археологија, патем наметнувајќи теми кои отвораат простор за дебати на тема за зачувување  на  околината, природата и националното богатство на Македонија.

Катерина и Илија во нови авантури со својот оригинален дух и спонтан современ документаристички пристап ќе ги гледате секоја недела со почеток во 19 часот на МРТ1.