Антиќ и Атланта со позитивен ефект!
„Хоукс“ славеа против Јута со 100:97, нашиот кошаркар за околу 20 минути реализираше 6 поени и 5 скока...

Перо Антиќ и Атланта ја остварија четвртата НБА победа сезонава и имаат една повеќе во однос на поразите, вкупно три. „Хоукс“ славеа против Јута со 100:97, нашиот кошаркар за околу 20 минути реализираше 6 поени и 5 скока. Триумфот пак, го обезбеди Корвер со тројка на 58 секунди до крајот.
Портланд како гостин го совлада Денвер со 130:113 најмногу поради 84-те поени во првото полувреме. Најефикасен беше Лосон со 32 коша.
Лејкерс загуби и седмипат во последните осум меча и тоа на гостувањето кај Њу Орлеанс со 109:102, иако Коби Брајант уфрли 33 поени.
Во другите натпревари: Вашингтон - Детроит 107:103, Бостон - Оклахома 94:109, Мајами - Индијана 75:81, Њујорк - Орландо 95:97, Феникс – Бруклин 112:104, Минесота - Хјустон 101:113.
