Земјотрес ја стресе Кефалонија
13.11.2014 13:27
Епицентарот на земјотресот бил во реонот на гратчето Аргостоли, кадешто вчера беше регистриран потрес од 4,1 степен по Рихтер...

Нов земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на грчкиот остров Кефалонија во Јонското Море, јавуваат грчките медиуми.
Епицентарот на земјотресот бил во реонот на гратчето Аргостоли, кадешто вчера беше регистриран потрес од 4,1 степен по Рихтер.
Денешниот потрес бил на длабочина од пет километри. Нема информации за настрадани и штети.
Реонот е сеизмички активен, при што во 1953- та островот го погоди земјотрес од 7,2 степени според Рихтер.
