Брамерц: Пресуда за Шешељ до крајот на 2015
Брамерц за ТВ Н1 изјави дека за жал реалноста е дека по десет години нема пресуда и изрази надеж дека пресудата ќе биде изречена што побрзо...

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц изјави дека пресудата за Воислав Шешељ не може да се очекува пред крајот на 2015 година.
Брамерц за ТВ Н1 изјави дека за жал реалноста е дека по десет години нема пресуда и изрази надеж дека пресудата ќе биде изречена што побрзо.
Главниот обвинител на Трибуналот изјави дека одлуката за пуштање на Шешељ без никакви услови „не е вообичаена“. Тој нагласи дека пресудата требало да биде изнесена во октомври минатата година, но дека еден од судиите е сменет .
Брамерц, исто така, ги отфрли тврдењата на Расим Љајиќ дека Хашкиот суд го пуштил Шешељ со цел тој пресудата да ја дочека на слобода во Србија.
Не знам што Љајиќ мисли со тој коментар. Имаше слична ситуација и во случајот Прлиќ, каде некои луѓе се пуштени на слобода пред пресудата или за време на чекање на пресудата. Кога ќе биде донесена одлука, јасно е дека Шешељ ќе биде повикан во Хаг, нагласи Брамерц.
