Медведев: Топката е во рацете на Европа и САД

13.11.2014 13:31

Топката, како што вообичано се вели, е на нивна страна, тие треба да ги донесат потребните одлуки, изјави претседателот на руската Влада...

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави  дека за подобрување на руско-американските односи првиот чекор треба да го преземат САД. Се надева  дека овој период во односите со САД и Европа ќе биде надминат.

Топката, како што вообичано се вели, е на нивна страна, тие треба да ги донесат потребните одлуки, изјави претседателот на руската Влада.

За да се намидинат постоечките проблеми, потребно е да се откажеме од санкциите, односите да ги префрлиме на работен терен, да се вратиме на нормални, мирни и продуктивни преговори, тогаш се ќе се стабилизира, изјави Медведев од главниот град на Мјанмар, Најпидау, кој е домаќин на самиот на АСЕАН.

Рускиот премиер не можеше да каже кога тоа ќе се случи, наведувајќи дека тоа не зависи од Русија, бидејќи таа не вовела санкции.

Санкциите им носат неволји и на оние кои ги вовеле и на оние кон кои се воведени, но тие немаат суштинско влијание врз меѓународните односи, додаде Медвдев.