Завршни зборови за судскиот процес „Ровер“
Бошкоски познат по скандалите во судницата овој пат рече дека немал намера никого да навреди кога побарал психијатриско вештачење за судијата...

Смешно е да барам од растурен и дерогиран суд да донесе ослободителна пресуда, рече поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски во завршниот збор за случајот Ровер.
Бошкоски познат по скандалите во судницата овој пат рече дека немал намера никого да навреди кога побарал психијатриско вештачење за судијата и рече оти тоа го сторил со најчиста намера да му се овозможи на судечкиот совет пред стручно лице да проговори за притисоците што врз него ги врши извршната власт.
Според обвинението Бошкоски им помогнал на убијците на Марјан Тушевски и Киро Јанев да се забошоти случајот.
Анита Димитријевска
