Формула 1

Шумахер се бори за живот!

29.12.2013 23:58

Легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, на скијање во францускиот Мерибел се здобил со потешки повреди. Кацигата му го спасила животот на седумкратниот светски првак во Формула 1.
44-годишниот Шумахер, скијал во предвидените патеки на француските Алпи, а директорот на скијалиштето Кристоф Леком, изјавил дека тој бил при свест кога со хеликоптер го пренесувале во болница.
 
Шумахер најпрвин бил примен во болницата во Мутије, а потоа бил префрлен во Гренобл, каде веднаш пристигнал и познатиот хирург Дуфен Либере, инаку голем пријател на Шумахер.

Дел од француските медиуми пренесуваат дека Шумахер е во тешка состојба, додека дел дека е надвор од животна опасност.