Котевски: Четири лица осомничени за измама во врска со резултатите на Скопски фестивал, МРТ не е инволвирана!
Помошник министерот за односи со јавност, Иво Котевски, истакна дека МВР добила оперативни сознанија и постапила веднаш по завршување на фестивалот...

Четири лица се осомничени за злосторничко здружување и компјутерска измама во врска со резултатите за првите три места од Скопскиот фестивал за Избор на песна за Евровизија.
Помошник министерот за односи со јавност, Иво Котевски, истакна дека МВР добила оперативни сознанија и постапила веднаш по завршување на фестивалот.
„Според преземените мерки беше утврдено дека лицата организирано и координирабо спроведуваат низа активности, на начин што истите подготвуаат СИМ картички и телефонски уреди за да можат во периодот на гласањето да испратат поголем број на СМС пораки кои би влијаеле на изборот на првите три места на музичкиот Скопски фестивал 2014-та“, изјави Котевски.
Четворицата осомничени се на возраст од 26 до 56 години, сите од Скопје, меѓу кои сопственик на една продукциска куќа, автор и композитор на песни, како и сопственик и управител на друштвото кое што го организирало телефонското гласање.
Во однос на Македоската телевизија, нагласи Котевски, досега нема никакви идниции дека била инволвирана на некаков начин, ниту пак дека знаела што точно се случува, ниту пак влијаела на каков било начин во однос на изборот на најдобриот изведувач.
Котевски додаде дека истрагата сеуште трае и дека не е исклучено да има и други инволвирани.
