Попоски: Грција нема интерес за решение
Македонија посакува зголемена динамика и дијалог на повисоко ниво, но нема интерес од другата страна, вели шефот на дипломатијата...

Шефот на дипломатијата Никола Попоски ја прокоментира последната рунда разговори за разликите околу името со јужниот сосед. Македонија посакува зголемена динамика и дијалог на повисоко ниво, но нема интерес од другата страна, вели Попоски.
Останува проценката што ја имаме веќе во повеќе наврати констатирано и што е оценка која ја споделуваат и сите надворешни фактори дека во овој момент не постои посебна желба и мотивираност кај нашиот соговорник за придвижување особено со оглед на внатрешно политичките предизвици и приоритети што ги имаат. Од наша страна имаме желба, имаме мотив да го надминеме овој проблем што е единствениот проблем и единствената пречка да ги почнеме преговорите со ЕУ, како што и самата Европска Ккомисија има констатирано и воедно е главната и единствената пречка зошто Македонија не е земја членка на НАТО алијансата, истакна Попоски по пуштањето во употреба на повеќенаменско спортско игралиште во основно училиште „7-ми Март“ во Челопек.
