Објавен оглас за консултант за национален авиопревозник
13.11.2014 16:03
Консултантската компанија ќе треба да подготви студија за економска оправданост на проектот и да анимира реномирани странски авиокомпании за пројавување интерес за национален авиопревозник

Министерството за транспорт и врски објави оглас за избор на консултантска компанија што ќе изработи физибилити студија за можноста за формирање редовен национален авиопревозник во Република Македонија.
Консултантската компанија ќе треба да подготви студија за економска оправданост на проектот и да анимира реномирани странски авиокомпании за пројавување интерес за национален авиопревозник, како и да ја советува Владата за избор на квалитена понуда.
Заинтересираните консултантски компании понудите треба да ги достават до 29 декември.
