Нов терористички напад во руски Волгоград

30.12.2013 10:06

Најмалку 19 лица загинаа, а 30-на се ...

Најмалку 19 лица загинаа, а 30-на се повредени во новиот терористички напад во Волгоград што се случи за само 24 часа  во овој руски град. Се саморазнесе бомбаш самоубиец во тролејбус на јавниот превоз  полн со патници кои оделе на работа во утринските часови.  Експлозијата се случила во градскиот кварт Жержински, во близина на градскиот пазар. Првите слики од терористичкиот чин се страотни, крвавите телата биле расфрлани во снегот, јавуваат Интерфакс  и Би-Би-Си. Меѓу жртвите има и едно едногодишно дете.  Рускиот комитет за вонредни ситуации ја подигна безбедносната состојба на аеродромите и на железничките станици низ Русија. Во вчерашната експлозија на железничката  станица во Волгоград загинаа 18 лица, а 20-на беа повредени.  Се претпоставува дека и двата терористички напади се дело на групата „Црни вдовици“, составена од сопруги  на ликвидираните чеченски бунтовници кои се за отцепување на Северен Кавказ  од Русија. Чеченскиот терористички лидер Амуров во јули годинава повика на употреба на максимална сила против руските власти за да се спречи одржувањето на зимските Олимписки Игри во Сочи во февруари наредната година.