Спортско игралиште и локален пат пуштени во употреба во Општина Старо Нагоричане

13.11.2014 17:01

Повеќенамеското игралиште е направено по сите модерни стандарди со терен за фудбал, кошарка, одбојка и ракомет....

Повеќе спортски и рекреативни активности ќе можат да реализираат учениците од Основното училиште „Христијан Карпош“ во селото Дргамонаце на новоотворено игралиште. Повеќенамеското игралиште е направено по сите модерни стандарди со терен за фудбал, кошарка, одбојка и ракомет.

„Убаво е направено, сега учениците ќе го користат за одржување на наставата по физичко образование.

„Децата ќе спортуваат, а ние возрасните ќе доаѓаме да ги гледаме и да се рекреираме“, велат жителите на село Драгоманце.

Проектот за изградба на спортски терени е во рамките на програмата на Владата, а новиот објект во употреба го предаде Министерката Гордана Јанкуловска.

„Ова го правиме со цел да им го подобриме животот на граѓаните во руралните средини затоа што и тие имаат подеднакво право на подобри услови, поквалитетен живот со изградба на различни инфраструктурни проекти“, изјави министерката Јанкуловска.

Покрај игралиште денеска беше предаден во употреба и новоизградениот пат  во должина од 1300 метри што ќе го поврзува Младо Нагоричане со маалото Черкези.

„Имаме во план да изградиме уште неколку патни правци во селото, затоа што Младо Нагоричане е најголемото населено место во Општината со околу 1200 житеи и 36 маала, изјави градоначалникот на Старо Нагоричане Милован Стојковски.

Од Општината најавија дека има изготевено уште девет проекти за изградба на патишта во должина од 20 километри.

 

Габрила Димковиќ