Полицијата на БиХ уапси 11 лица поврзани со тероризам
13.11.2014 18:10
Уапсените се осомничени за финансирање, поттикнување и организирање терористички групи кои требало да заминат на боиштата во Сирија и во Ирак...

Полицијата на Босна и Херцеговина, во продолжение на акцијата „Дамаск“ уапси 11 лица поврзани со тероризам. Претресени се повеќе локации на територијата на Сараево, Зеница, Маглај.
Уапсените се осомничени за финансирање, поттикнување и организирање терористички групи кои требало да заминат на боиштата во Сирија и во Ирак.
