Холандскиот генерал Кареманс ја очекува пресудата за масакрот во Сребреница
13.11.2014 18:16
Обвинет е дека третиот холандски баталјон под негова команда не го спречил масакрот на 8 илјади муслимански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година...

Холандскиот генерал Том Кареманс ја очекува пресудата за воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина. Обвинет е дека третиот холандски баталјон под негова команда не го спречил масакрот на 8 илјади муслимански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година. Пред судот беше дочекан со аплауз.
„Ова е непријатно за Кареманс, но и за третиот баталјон. Јас дојдов да ги поддржам“, изјави холандски ветеран.
