Се затвораат коридорите за сириските бегалци
13.11.2014 18:30
Невладините организации ја обвинија меѓународната заедница за „тотален колапс на солидарноста“...

Се затвораат коридорите за сириските бегалци – соседните земји драстично ги намалуваат бројките на тие што ќе им биде дозволен влез. Невладините организации ја обвинија меѓународната заедница за „тотален колапс на солидарноста“.
„Кога спиете под мост и имате мало дете, а надвор е минус 10 степени, не можете да замислите што значи тоа за овие луѓе. А мора да се подготвиме за најлошото“, изјави Фреја фон дер Гроте од УНИЦЕФ.
Над 150 илјади бегалци месечно го бараа спасот од Сирија во изминатиот период.
