Модулот „Фили“ е стабилен и праќа слики од кометата

13.11.2014 18:42

Сега има друг проблем – колку ќе потрајат соларните батери, бидејќи атерираше во сенката на карпа...

Модулот „Фили“ е стабилен и праќа слики по историското потскокнување на кометата што ја вознемири научната јавност. Од Европската вселенска агенција соопштија дека е стабилизирано.

„Според вчерашните податоци, сме потскокнале два пати и конечно сме запреле, не на точната локација, но во близина“, изјави Жан Пјер Бибринг, главен научник на проектот „Фили“.

Сега има друг проблем – колку ќе потрајат соларните батери, бидејќи атерираше во сенката на карпа.