Сите основни училишта во Струга останаа без електрична енергија
13.11.2014 18:57
И покрај обидите да се платат дел од сметките за електрична енергија, сепак до договор не дојде...

Во Струга денес сите основни училишта останаа без струја. Без струја остана и секторот за Образование во Струга. Поради долг кој се провлекува со години наназад, денес ЕВН која претходно имааше и доставено опомена пред исклучување, го запре протокот со снабдување од електрична енергија.
И покрај обидите да се платат дел од сметките за електрична енергија, сепак до договор не дојде.
Без струја се ОУ Јосип Броз Тито како и училиштата во селата Радожда, Мислешево и Враништа како и двете училишни згради на училиштето Браќа Миладиновци, а прекин има и во основното училиште Мурат Лабуништи во селото Лабуништа.
Јованчо Наумоски
