Шешељ: Се радував на убиството на Ѓинѓиќ
13.11.2014 19:23
По 11 години притвор, на Хашкиот суд кој го ослободи условно поради болест му порача дека нема да се врати доброволно, туку ќе мора да биде уапсен и испорачан...

Ден по враќањето, Шешељ мати вода со екстремни изјави. Се радував на убиството на Ѓинѓиќ, Србија нема што да бара во Европската унија, рече пред новинарите.
„Сега имам две метастази. Знаете ли како ги викам? Едната по Томислав Николиќ, а другата по Александар Вучиќ“, рече Војислав Шешељ, поранешен лидер на Српската радикална партија.
По 11 години притвор, на Хашкиот суд кој го ослободи условно поради болест му порача дека нема да се врати доброволно, туку ќе мора да биде уапсен и испорачан.
